Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19. Воедно регистрирани се 30 оздравени пациент. Во изминатите 24 часа пријавени се два смртни случаи. Двата пациенти биле од Скопје и починале во болнички услови. Вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата кај нас достигна 5470, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 425.