Стопанството со остри реакции за одлуката на Владата со ребалансот да се одвојат пари за годишен регрес на административците. Според бизнис секторот, непродуктивно и нерационално е трошењето во време на криза кога приватниот сектор е на стаклени нозе.

Advertisements

„Алоцираните средства за К-15 за јавна администрација во услови кога приватниот сектор се соочува со ризик од губење на работни места, ризик од губење на приходи а притоа имаме нецелосно функционална администрација сметам дека ваквиот трошок е нерационален во овој момент“, вели Благица Петрески -Finance Think.

Од стопанските комори реагираат дека треба да се има еднаков третман и кон вработените во јавниот и приватниот сектор. Според нив не е реално администрацијата да добие регрес во време на пандемија кога работеа со скратено работно време или во смени.

„Она што треба да се акцентира е дека приватниот сектор се соочи со секаков вид на рестрикции и ограничувања и додека се бори да се стабилизира и да ја одржи ликвидноста на плати и тековни трошење, админстрацијата која е во служба на граѓаните во изминатиот период зема полна плата иако одеше со намалено работно време, скратено ротирачки и т.н. Затоа е потребено еднаков третман на сите вработени и во јавниот и во приватниот сектор“, рече Александра Андреева- Сојуз на Стопански комора.

За премиерот Зоран Заев исплатата на к-15 е обврска која државата треба да исполни согласно веќе потпишан договор, а доколку не се исполни обврската вработените ќе имаат право да ја тужат државата. Со ребалансот ќе се одвојат речиси 4 милиони евра за 27 илјади вработени во судовите, владините служби, општините и агенциите и фондовите основани од Собранието.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе