Директорката на службата за болничка епидемиологија на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Весна Миолјевиќ, за РТС вели дека резултатите со позитивни само два отсто од тестираните граѓани ѝ даваат надеж.

Секако ние овој момент го чекавме, но мораме да бидеме внимателни. Времето е убаво, но нема опуштање, верувам дека уште долго ќе зборуваме за ковидот, рекла докторката.

Како што вели, претпазливост мора да има.

Апелот е да се носат маски, посебно во јавниот превоз, и да не му дадеме простор на вирусот од асимптоматски заболени да премине на чувствителните лица, истакнала директорката на Службата за болничка епидемиологија КЦС.

Зборувајќи за досегашната пандемија, вели дека најмногу ја изненадило тоа дека вирусот нема сезонски карактер.

Таа истакнала дека индискиот сој на вирусот најмногу ја загрижува затоа што е двоен мутант и затоа најмногу се занимава со него.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.