Карактерот опишан во книгите на Артур Конан Дојл, Шерлок Холм, никако да стане здодевен, па филмови се прават и за неговата сестра.

„Енола Холмс“ се појави во понудата на Нетфликс на почетокот од годината, а по големиот успех потдврено е дека ќе се снима продолжение.

Во овој филм е претставена динамичата сестра на најпознатиот детектив на светот, како се обидува да „влезе во кондурите“ на својот брат. Таа е бунтовна, млада и наивна, но и покрај сите незгоди успева да ја оствари целта.

Потврдено е и дека во продолжението ќе настапи главната ѕвезда Мили Боби Браун.

Не можам да дочекам за повторно да соработувам со моето семејство од Енола Холмс. Енола ја чувам во посебно место од моето срце. Таа е силна, бестрашна, интелегентна и храбра. Евам чекам новата авантура да започне – порача младата британска актерка.

Филмот е базиран на истоимената и наградувана книга на авторката Ненси Спрингер и е дел од модерната феминистичка ера, во која романите се засновуваат на силни и независни женски ликови.

Потврдено е дека во продолжението ќе се најде и големата светска ѕвезда Хенри Кавил, кој во моментов беше недостапен за коментар, бидејќи е презафатен со снимањето на последните сцени од „Вештерот“. Во првите 28 дена од емитувањето на „Енола Холмс“, филмот беше гледан во 76 милиони домаќинства, претплатени на Нетфликс.