Владата не открива во која насока ќе се менува законот за банки откако Уставен го укина членот 163 од законот со кој Фондот за осигурување на депозити беше прв што ги наплаќа побарувањата од стечајната маса кога една банка ќе пропадне. Владата ќе чека од министерството за финансии во наредните две недели да подготви измени во постоечкиот закон со цел да се корегира правниот вакум кој е создаден по одлуката на Уставен.

Advertisements

„Минстерството за финансиии во рок од 15 дена да подготват измени во законот за банки со кои тој правен вакум кој е создаден по укинувањето на членот 163 да се предвиди во новиот закон. По 15 дена Владата ќе дебатира за предлогот на финансии и ќе се донесе заклучок“, рече Мухамед Хоџа- Портпарол на Владата.

Стравувањата во јавноста по менувањето на членот беа дека Фондот нема да може да ги исплати штедните влогови на граѓаните доколку една банка пропадна, што пак може да влијае негативно на банкарскиот сектор посебно во делот на штедењето.

Од Народната банка уверуваат дека укинувањето на овој член нема да има негативно влијание врз банкарскиот сектор.

„Донесената одлука на Уставниот суд не треба да се контекстуализира со состојбата и стабилноста на банкарскиот систем. Состојбите во банкарскиот систем се ценат преку клучните параметри за неговото работење, а тие и на крајот на првиот квартал од оваа година остануваат поволни“, велат од Народната банка.

Фондот за осигурување на депозити е во државна сопственост со цел да ги обештети граѓаните кои имаат штеден влог во банка до 30 илјади евра а парите ги прибира со наплата на премии за осигурување од кредитите. Доколку една банка пропадне Фондот има право да го побара тој износ од стечајната маса на пропаднатата банка, а потоа да се исплаќаат доверителите кој имаат влогови над 30 илјади евра доколку има пари од стечајната маса. Со укинување на членот 163 Фондот ќе биде во рамноправна позиција со останатите доверители односно од стечајната маса истовремено ќе се исплаќаат доверителите и побарувањата на Фондот.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе