Невкусна шега на американскиот претседател до новинарка. Имено, тој како дел од неговите активности присуствуваше на тест возење на електричен автомобил на Форд, во Мичиген. Дури и беше во улога на тест возач. Сепак, новинарите, повеќе ги интересираше неговиот став околу кризата и конфликтот помеѓу Израел и Палестина отколку возењето на електрично возило.

Па, така една новинарка се обиде да го праша за тоа, но тој не сакаше да одговори на прашањето. Наместо одговор, даде невкусна шега.

Новинарка: Господине претседател, може ли да ви поставам кратко прашање за Израел пред да управувате со автомобилот, бидејќи тоа е многу важно?

Бајден : Не, не можеш. Освен ако не застанеш пред автомобилот кога ќе дадам гас

Бајден: Се шегувам.