Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 204 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, информира Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники немало приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 2 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти. Во ковид-центрите на интерните клиники се лекуваат 47 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 78 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на коронавирусот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.