Најмалку 11 лица, од кои еден е наставник, се убиени утрово во оружен напад во училиште во Казан, главниот град на Република Татарстан, додека 32 лица се ранети. Според локалните медиуми, двајца тинејџери пукале во своите соученици. Еден од двајцата напаѓачи е лишен од слобода, а снимките од неговото апсење се појавија на социјалните мрежи.