Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил порачува дека најдобра заштита од Ковид-19 која сами можеме да ја направиме е да го намалиме обемот на струкот.
Пред една недела Ве замолив да не влегувате во ЦИНКоманија. Еве и научна потврда. Најголем ефект сепак имаат пробиотиците јас би додал само природни !!! Витаминските суплементи, Д витаминот, Омега-3, ако воопшто имаат улога во превенцијата и исходот од Ковид-19, ИМААТ САМО КАЈ ЖЕНСКИОТ ПОЛ.
Почитувани претставници на појакиот пол, најдобра заштита која Вие можете самите да ја направите, за да намалите еден значаен ризик фактор за развој на тежок облик на Ковид-19, Е ДА ГО НАМАЛИТЕ ОБЕМОТ НА ВАШИОТ СТРУК <105 цм.
За дамите <80 цм.
А тоа што државата мора веднаш да го обезбеди, веќе го знаат и децата, вакцина за секого.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.