Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во неделното интервју на Радио Слободна Европа порача дека во Македонија мора да има предвремени парламентарни избори за да се надмине политичката криза која владее, пред се поради нефункционалноста на парламентот.

Власта нема такво мнозинство како што сака да прикаже, бидејќи секој ден нема кворум за работа на Собранието, вели Мисајловски.