Ана Ивановиќ го прослави својот 39-ти роденден и го одбележа тој повод на Инстаграм. Таа објави фотографија што го привлече вниманието како на модниот свет, така и на пошироката јавност.
Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ ужива во животните задоволства. Таа често патува и му посветува време на своето семејство, децата и блиските пријатели.
Сепак, она што привлекува најголемо внимание кај корисниците на оваа платформа е модниот аспект – конкретно, фотографиите од нејзините беспрекорни комбинации за различни пригоди.
Наместо раскошен десерт на повеќе нивоа, Ана за роденденот избра мала торта украсена со шармантни детали – овошје и ситни цветови. Тениската ѕвезда очигледно беше во одлично расположение за време на фотографирањето и им упати порака на своите обожаватели:
„Ви благодарам многу за сите прекрасни пораки и роденденски желби“, напиша кратко Ана покрај фотографијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



















