Пратеницитите да престанат да си играат со судбината на илјадниците работници и итно да ги изгласаат законите кои се непходни за помош на компаниите. Стопанските комори со остри рекции кон народните избраници за не навременото носење на мерките од петиот сет мерки. Доколку не се изгласаат законите двојно поголем број на граѓани ќе бидат испратени на принуден одмор и ќе останат без плати. Предвидената помош за исплата на плати е за околу 30 илјади компании која ќе се намени на околу 120 илјади работници велат од коморите.
– Advertisement –