-Одлично тече вакцинацијата на наставничките и наставниците од 1 до 3 одделение во салата Борис Трајковски. Вчера и денес треба да се вакцинираат 3000 пријавени од оваа група. Со ова го заштитуваме образовниот процес кај децата со физичко присуство во најниските одделенија. Вакцинацијата следните денови продолжува со воспитувачките од градинките. Ова го порача министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи.

Како што е познато претходно почна вакцинацијата на старите лица над 77 години со вакцината на Астра Зенека, а со Спутник се вакцинираат припадниците на армијата, полицијата, медиумските работници, возачите на ЈСП Скопје и други кои имаат над 45 години.