По состанокот на министерот Венко Филипче со приватните клиники одржан пред два дена, клиниката „Жан Митрев“ донесе одлука за намалување на цените за лекување на пациенти заболени од Кови 19. Па, така, сосега пациентите плаќаа 12.000 евра, а од сега, за пациенти кои ќе се лекуваат на полунинтензивна нега, лечење во треање до 10 дена ќе чини 6.000 евра, соопштија од Клиниката „Жан Митрев“.

Претходно Филипче извести дека од „Систина“ добил одговор дека не гледаат економска исплатливост за намалување на цените за лекувањето на пациентите заболени од коронавирус.

Воедно на состанокот беше одлучено осум доктори специјалисти од приватните клиники во наредниот период да помагаат на колегите од јавно-здравствените установи во лекувањето на пациентите.