Рочиштето за сучајот „Друмарина“, во кој обвинета е поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, се одложи бидејќи таа се наоѓа во изолација.

Судијата Марин Станевски соопшти дека одбраната на обвинетата доставила потврда за изолација поради ковид-19 и здравствен надзор. Следното рочиште е закажано за 10 мај.

За денеска беше предвидено да се сослуша сведок.

Обвинителството ја гони експратеничката со тврдења дека поднесувала лажни фискални сметки, односно фискални сметки од други лица наместо нејзини и со нив наплаќала патни трошоци во периодот додека беше пратеничка.

Според Обвинителството, лажните фискални сметки биле поднесува во периодот од 1 јануари 2011 до 16 декември 2015 година.