Утрово бил извршен претрес, по налог на јавен обвинител во станот на Миле Јанакиески, но и становите на екс премиерот Никола Груевски во Скопје, објави „Слободен печат“, повикувајќи се на свои извори.

Од обвинителството потврдиле дека извршиле претрес во објект во Прилеп, но не потврдиле дека станува збор за станот на екс министерот Миле Јанакиески.

За разлика од Прилеп, за претресите во становите на Груевски, обвинителката Вилма Рускоска за „Слободен печат“ ја потврдила информацијата и дека станува збор за истрага во рамките на случајот „Плацевите на водно“, за кој неодамна бизнисменот Орце Камчев доби притвор.