Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, телефонски разговарала со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, кој ѝ се извинил бидејќи Украина претходно не ја известила Италија за операцијата против рускиот брод во Либија, објави италијанскиот весник „Ил Фољо“, пренесува Танјуг.
Според пишувањето на весникот, Мелони во текот на разговорот укажала на сложеноста на ситуацијата и објаснила зошто за Италија е важно однапред да биде информирана за таквите операции.
Двајцата лидери се согласиле во иднина да се воспостави подобра координација, како и украинските разузнавачки служби однапред да доставуваат повеќе информации за своите операции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.






















