Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени, информира УХМР.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Под влијание на циклонска активност во деновите од викендот времето ќе биде облачно и врнежливо. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Поради продор на постуден воздух од север врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег.

На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 сm, а помала покривка (2 до 10 сm) се очекува да се формира и на повисоките места. Во недела кон крајот на денот врнежите ќе престанат.

Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.