За време на ненајавената посета на Каракас денес, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет објави дека САД и Венецуела постигнале нов договор за воена соработка. Договорот вклучува заедничка обука на војници и размена на разузнавачки податоци.
Хегсет не изнесе многу детали, но наведе дека, покрај заедничката воена обука и споделувањето разузнавачки информации, договорот опфаќа и други форми на воена соработка меѓу двете земји.
„Се надеваме дека ќе го спроведеме овој договор во пракса и дополнително ќе ја продлабочиме нашата одбранбена соработка и партнерство, искористувајќи ја експертизата на вооружените сили на САД и на Министерството за војна“, изјави Хегсет во обраќањето емитувано на венецуелската државна телевизија.
Ова е прва посета на Хегсет на Венецуела откако американските специјални сили во јануари го соборија и заробија тогашниот претседател Николас Мадуро.
Хегсет е, исто така, највисокиот американски функционер што ја посетил Венецуела по таа операција. На Мадуро и на неговата сопруга моментално им се суди во САД.


















