Њујорк го освои првото место на листата на најстресни градови во светот, со оценка од 7,56 од максимални 10, според истражувањето на компанијата „Remitly“. Веднаш зад него е Даблин со оценка од 7,55, додека третото место му припадна на Мексико Сити со 7,38.

Манила, Лондон, Милано, Атина, Сао Паоло, Торино и Калкута се најдоа и на листата на десетте најстресни градови.

Според податоците од истражувањето, меѓу градовите што се соочуваат со најголемите предизвици се оние од различни делови на светот, а европските градови заземаат значајно место на оваа листа.

Рангирањето на најстресните градови во светот изгледа вака:

1. Њујорк, САД, 2. Даблин, Ирска, 3. Мексико Сити, Мексико, 4. Манила, Филипини, 5. Лондон, Велика Британија, 6. Милано, Италија, 8. Сао Паоло, Бразил, 9. Торино, Италија, 10. Калкута, Индија.