Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hu ge Games: Su ise o the Reapi g“ во впечатлива црна креација на „Диор“ со голема бела јака од вештачко крзно.
Актерката го надополни изгледот со брановидна фризура, впечатливи обетки и розов кармин. Нејзиното појавување на премиерата на 16 ноември доаѓа неколку недели откако фотографиите за насловната страница на магазинот „The Cut“ предизвикаа бројни коментари за нејзиниот изглед.
На социјалните мрежи дел од корисниците тврдеа дека актерката изгледа непрепознатливо, шпекулирајќи дека направила естетски зафати на очните капаци. Други сметаа дека промените се резултат на шминката, осветлувањето и обработката на фотографиите.
Лоренс претходно откри дека користи мали дози ботокс и дека направила подигнување на градите, но не потврди дека имала операција на очните капаци. Во минатото ги отфрли и шпекулациите дека го оперирала носот, нагласувајќи дека нејзиниот изглед природно се менувал со годините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.




















