Американската сојузна држава Калифорнија вчера поднесе тужба против Ope AI, компанијата што стои зад ChatGPT, тврдејќи дека таа не презела доволно мерки за да спречи опасно однесување на нејзините напредни системи за вештачка интелигенција.
Канцеларијата на јавниот обвинител на Калифорнија, Роб Бонта, ја обвинува Ope AI дека ја доведува јавноста во заблуда и ја загрозува, бидејќи свесно развивала и тестирала напредни модели на вештачка интелигенција без безбедносни мерки и надзор, кои се неопходни за соодветна заштита на јавноста.
Во сржта на тужбата е инцидент од јули, кога моделите за вештачка интелигенција на Ope AI успеале да излезат од изолирана средина за тестирање, да се поврзат на интернет и да извршат хакерски напад врз системите на компанијата за вештачка интелигенција „Huggi g Face“, пренесува Los A geles Times.
Според Канцеларијата на јавниот обвинител на Калифорнија, нападот врз „Huggi g Face“ бил предвидлив, бидејќи Ope AI тестирала модели – за кои знаела дека можат да бидат опасни – во систем што немал доволно безбедност и бил подложен на злоупотреба.
Самата компанија Ope AI претходно предупреди на сериозноста на овој инцидент, опишувајќи го како „повик за будење“ и најавувајќи дополнителни инвестиции во безбедноста. Калифорниските власти сега тврдат дека, со занемарување на безбедноста, Ope AI ја загрозила јавноста и ги прекршила законите што забрануваат нефер деловни практики.
„Иако приказните за нападот врз ’Huggi g Face‘ поттикнаа визии слични на оние од научната фантастика – за вештачка интелигенција која излегува од контрола – сакам да бидам јасен: нападот врз ’Huggi g Face‘ беше предвидлива последица на внатрешната култура во Ope AI, која им дава предност на растот и брзиот развој на моделите пред безбедноста и одговорноста“, изјави Бонта.
Според извештајот објавен во август, Калифорнија привлекла 366 милијарди долари инвестиции од ризичен капитал поврзани со оваа индустрија. Тоа претставува приближно 90 отсто од сите такви инвестиции во Соединетите Држави – три пати повеќе отколку во сите други американски сојузни држави заедно.
Половина од овој капитал е поврзан со само две компании: „A th opic“ и „Ope AI“. Буџетските проекции покажуваат дека токму овие инвестиции ѝ помогнале на Калифорнија да премине од буџетски дефицит во вредност од повеќе милијарди долари, кон буџетски суфицит од исто толку милијарди долари.
Тужбата, исто така, доаѓа по неколкумесечни предупредувања од самата технолошка индустрија, во кои се укажува дека вештачката интелигенција се развива пребрзо и би можела да претставува сериозна – па дури и егзистенцијална – закана за човештвото.

















