Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо го прослави својот 52. роденден со луксузна забава на Беверли Хилс, на која присуствуваа бројни познати личности, но најголемо внимание привлече пристигнувањето на автобус полн со млади девојки, пишува „Боред Панда“.
Забавата се одржала во саботата, на 14 ноември, три дена по неговиот роденден. Меѓу гостите биле Тоби Мегваер, Кејси Афлек, Ал Пачино, Орландо Блум, Џеф Безос, раперот 50 Сент и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо.
A busload of you g wome a ives at Leo a do DiCap io’s 52 d bi thday pa ty i Beve ly Hills, alo gside seve al Hollywood celeb ities https://t.co/z9ww 45 5Z
— o aesthetic thi gs (@Pictu esFoIde ) Novembe 16, 2026
Фоторепортерите забележале автобус со млади жени, меѓу кои била и Кортни Борнер, позната од реалното шоу „Love Isla d USA“. Фотографиите предизвикале бројни коментари на социјалните мрежи, каде што дел од корисниците повторно ја критикувале склоноста на актерот кон помлади партнерки.
Со тоа повторно се актуализирала познатата теорија дека Ди Каприо ги прекинува врските кога неговите девојки ќе наполнат 25 години. Во минатото тој беше во врска со Жизел Бундшен, Бар Рафаели и Камила Мороне, а неколку од неговите врски завршија околу таа возраст.
Сепак, неговата сегашна врска не се вклопува во оваа теорија. Од 2023 година Ди Каприо е во врска со италијанската манекенка Виторија Черети, која има 28 години.
Според извор близок до актерот, Ди Каприо и претходно бил незадоволен од ваквиот имиџ во јавноста и сакал да изгради позрела љубовна врска.



















