Марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага биле пронајдени при претрес во дом во скопската населба Ѓорче Петров. Полицијата го лишила од слобода 29-годишниот сопственик.

Од МВР информираат дека претресот бил извршен на 13 ноември, со наредба од Основниот кривичен суд Скопје. Акцијата ја спровеле полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.

Пронајдените предмети биле одземени, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.