Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Перу, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил во отворено море, недалеку од брегот, на длабочина од 31 километар.

Засега нема информации за повредени лица или материјална штета.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.