Против крузерот „MSC Poesia“ е отворена кривична истрага поради сомнежи за нелегално испуштање нафтен отпад во морето. Бродот на почетокот на месецот бил задржан во Мајами, а вчера добил дозвола да исплови, пренесува „Си-би-ес њуз“.

Американската крајбрежна стража истражува дали на бродот била користена таканаречена „волшебна цевка“, со која нафтениот отпад се пренасочува во системот за отпадни води од мијалници и тушеви, кои под одредени услови смеат да се испуштаат во морето. Ваквата практика е строго забранета со американските федерални закони.

Според американски службеник запознаен со случајот, истрагата би можела да резултира со кривична одговорност за членови на екипажот, сопственикот на бродот и други вклучени лица.

Крузерот бил задржан во пристаништето во Мајами откако инспекторите откриле недостатоци во бродските системи. Во тој момент на бродот имало повеќе од 2.000 луѓе.

Компанијата „MSC C uises“, која управува со бродот, засега не одговорила на барањето за коментар.

Сличен случај во 2016 година завршил со казна од 40 милиони долари за компанијата „P i cess C uises“, која признала вина за испуштање нафтен отпад во океанот.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.