На покана на Агенцијата за цивилно воздухопловство, по пауза од 17 години, од вчера, 11.11.2026 година, во Македонија престојува тим на инспектори на ICAO (I te atio al Civil Aviatio O ga izatio ), кој во наредните две недели ќе ја проверува усогласеноста на македонското цивилно воздухопловство со најновите меѓународни стандарди и регулативи.

Овој процес, како што соопшти Агенцијата, претставува значајна можност за независно и објективно согледување на состојбите во цивилното воздухопловство, оценување на примената на меѓународните барања и препознавање на областите во кои е потребно натамошно унапредување. Проверката ќе придонесе за потврдување на силните страни на системот, како и идентификување на недостатоци и утврдување на можностите за подобрување на неговата ефикасност и безбедност.

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Драги Стојаноски, истакна дека, отвореноста кон независна и непристрасна проверка е важен дел од одговорното управување и од градењето силен и доверлив воздухопловен систем.

„Верувам дека независната и непристрасна инспекцијан е ајдобриот начин да оцениме колку успешно ја извршуваме нашата работа и каде можеме дополнително да се подобриме. Таа ни овозможува објективно да ги препознаеме нашите силни страни, нашите недостатоци како и да ги утврдиме областите во кои се потребни натамошни подобрувања. Имаме обврска и одговорност отворено и професионално да се соочиме и со наоди доколку такви бидат утврдени бидејќи објективното согледување на реалната состојба е единствен начин за изнаоѓање соодветни и одржливи решенија за подобрување на системот. Наша одговорност е од секој процес да научиме нешто ново и секое ново искуство да го преточиме во одржливо решение што ќе донесе долгорочна вредност за македонското воздухопловство.“, истакна Стојаноски.

Препораките од инспекцијата ќе претставуваат значајна основа за планирање на идните активности и за унапредување на процесите со цел дополнително подигнување на безбедноста во цивилното воздухопловство. Стекнатите сознанија да се преточат во применливи и одржливи решенија, со јасно определени приоритети и континуирано следење на напредокот.

Во таа насока, Агенцијата ја нагласува важноста на професионалната соработка, транспарентноста и активното учество на сите вклучени субјекти во текот на проверката. Ваквиот пристап е основа за добивање реална слика за функционирањето на системот и за утврдување конкретни насоки за негово натамошно зајакнување.

Агенцијата за цивилно воздухопловство додава дека останува посветена на унапредување на регулаторниот и надзорниот систем, доследна примена на меѓународните стандарди и развивање култура на одговорност и постојано подобрување. Одржувањето високо ниво на воздухопловна безбедност е заедничка обврска и приоритет што бара стручност, соработка и подготвеност за учење од секое ново искуство.