Полициски службеници привеле двајца возачи во Кичево и Дебар, откако при сообраќајни контроли било утврдено дека управувале возила без да поседуваат возачка дозвола.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, синоќа (11 ноември) во 21:30 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево бил приведен 34-годишниот З.С. од Кичево. Тој управувал автомобил „голф“ со кичевски регистарски ознаки, а при проверката полицијата утврдила дека нема возачка дозвола.
Истиот ден, во 11:10 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го привеле 24-годишниот Е.Б. од Скопје. Тој бил запрен додека управувал автомобил „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, а проверката покажала дека и тој не поседува возачка дозвола.
Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



















