Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ќе биде прекинато водоснабдувањето на улица Душан Тасковиќ бр.49 поради промена на шибери на нова мрежа ф100мм и промена на воздушен вентил ф80мм.

Без вода ке бидат корисниците на улицата Душан Тасковиќ, дел од улицата Коце Металец, дел од улицата Филип Филиповиќ, дел од Гемиџиска, улицата Тајмишка и улицата Зеничка, општина Гази Баба, до завршување на истите интервенции.

Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од Ф-150мм на улицата 29ти Ноември 53 во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата 29ти Ноември и потегот од улицата Васил Стефановски до Борка Талевски, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.