Семејството на Лора Галагер, сопругата на британскиот актер и комичар Расел Бренд (51), изразило сериозна загриженост поради неговото влијание врз неа. Нејзините блиски веруваат дека тој ја убедил во својата невиност, иако судот „Саутворк краун“ го прогласил за виновен за силување и три сексуални напади.
„Расел секогаш го добива она што го сака. Има шарм и самоуверен настап, а Лора му е целосно посветена. Прави сè што ќе побара од неа, како целосно да ѝ го испрал мозокот“, изјавил семеен пријател за „Дејли мејл“.
Нејзиното семејство се надева дека затворската казна на Бренд ќе ѝ овозможи да се дистанцира од него и да го преиспита нивниот однос.
Бренд по пресудата е сместен во затворот „Вандсворт“ во Лондон, каде што го чека изрекувањето на казната. Прогласен е за виновен за дела извршени врз четири жени во периодот од 2004 до 2009 година, додека истовремено е ослободен од други три обвиненија.
Според британските медиуми, токму ослободителните одлуки дополнително ја зацврстиле убеденоста на Лора дека нејзиниот сопруг е невин. Таа присуствувала на судењето, водела белешки и често доаѓала во судницата држејќи го за рака.
Лора и Расел се во брак девет години и имаат три деца. Нејзините родители и сестрата Кирсти Галагер се надеваат дека во наредниот период ќе поминува повеќе време со нив.
Во меѓувреме, лондонската полиција истражува дополнителни пријави против Бренд, вклучително и обвиненија за силување на уште две жени, што би можело да доведе до нови судски постапки.




















