Челниците на СДС веќе ја преминаа границата. Единствено што прават изминативе две години е ширење на паника меѓу граѓаните, обид за создавање на недоверба кон институциите, како и хистерија и хаос во општеството, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Поради внатрешни проблеми во партијата, Филипче, додаде тој, ги лаже граѓаните и пробува да создава перцепција во јавноста дека работата не оди на добро.

„Така, пред година дена, велеа ќе дојдат мигранти во државата по договорот со Обединетито Кралство и тоа за пари. Тоа не се случи.

[embedded co te t]

Велеа дека ИПАРД програмата е суспендирана во Македонија, а дека парите земјоделците нема да ги добијат. Поминаа по тоа два месеци ИПАРД програмата продолжи да функционира, а земјоделците си ги добија финансиските средства.

Лажеа за извештајот на Томас Вајц, дека бил лош дека немал напредок, за потоа човекот на национална телевизија јасно да ги демантира СДС и Филипче.

Лажеа дека пензиите нема да бидат исплатени на пензионерите“.

Поминаа месеци, додава Петрушевски, пензионерите имаат над 7.500 денари повисоки пензии за само 2 години, пензискиот фонд е стабилен, и нема никаква дилема дека ќе продолжат и натаму да се исплаќаат пензиите.

„Ширеа хистерија за Унгарскиот кредит, со кој општините добиваа пари за нови училишта, градинки, болници, патишта, а компаниите меки кредити за своите бизниси. ДЗР пред некое време, јасно излезе и констатираше дека нема никаква малверзација со овој кредит, а унгарски функционери јасно признаа дека сме добиле кредит по ултра поволни услови.

И уште многу попратни работи за кои ќе ни треба цел ден да ги елаборираме за тоа како без срам и образ Филипче и СДС лажеа, па откако беа демантирани, не се извинија ниту пак имаат некаква одговорност“.

Ваквиот однос на функционери на СДС, напоменува тој, е казнив според КЗ член 315, наречен саботажа, кој, како што вели, предвидува најмалку 3 години затвор за оној кој свесно предизвикува штета на правно лице.

Го повика ЈО да отвори случај по допрен глас и да реагира.