Вчеравечер, на отворањето на 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, ансамблот на Македонскиот народен театар ја изведе претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат.
По изведбата, актерите беа поздравени со срдечен аплауз од никшичката публика, искрено признание за уметничката посветеност и заедничкиот труд на целиот ансамбл.
Играјќи од срце, нашите актери ја споделија сцената со публиката во Никшиќ, пред која се поклонија со длабока почит.
Благодариме, Никшиќ, за топлото добредојде и за оваа убава театарска вечер.
Во претставата играа: Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.






















