Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети преку Фејсбук ја повика албанската дијаспора масовно да одговори на пописот, бидејќи како што вели, „Повеќе сме кога сме заедно“, пренесува Плусинфо.

Тој преку видео порака вели дека колку повеќе Албанци од дијаспората се попишат, толку посилни ќе бидат.

Ахмети ја повика дијаспората да го дистрибуира неговиот апел до секој иселеник кој сè уште не се попишал.

Тој во видеото истакнува пет причини зошто треба да се попишат:

Дијаспората преку пописот ќе биде голем и директен придонесувач за растот на бројот на Албанците во Република Северна Македонија.

Учествувајте и придонесете за уште поголемо зголемување на застапеноста на Албанците во државните институции.

Колку повеќе попишани Албанци, толку повеќе се зголемува застапеноста, вели Ахмети во видеото.