Македонскиот џез состав Next to Sile ce на 22 октомври ќе одржи самостоен концерт во палатата Нимфенбург во Минхен, едно од најпознатите барокни зданија во Германија, кое некогаш било резиденција на баварското благородништво.

Ова ќе биде прв настап на составот пред германската публика, на кој ќе бидат изведени композиции од двата албума објавени за SJF Reco ds, како и музика од нивниот неодамна снимен трет албум, која премиерно ќе биде претставена надвор од Македонија.

Концертот има посебно значење за музичарите бидејќи Минхен е седиште на познатата германска издавачка куќа ECM, чиј музички израз имал големо влијание врз формирањето на составот и изборот на неговото име. Со текот на времето, Next to Sile ce развил сопствен музички стил кој се оддалечува од традициите на ECM.

Настанот е во организација на Echo Soi ee, а билетите се достапни преку мрежата Eve tim. Концертот е отворен за сите љубители на музиката и уметноста.

Next to Sile ce го сочинуваат Кирил Кузманов (саксофон), Ади Имери (гитара), Петар Лукиќ (клавијатури), Драган Стојковски (бас-гитара) и Гоце Наумов (тапани).

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.