Седумдесет и едногодишна жена е тешко повредена, а 75-годишен маж се здобил со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Влашки пат“ во Кичево.

До несреќата дошло кога патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (44) од кичевското село Шутово, удрило во бетонски столб од куќа.

Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Љ.М. (71), додека другиот сопатник, С.М. (75), се здобил со телесни повреди. Двајцата се од селото Шутово, а повредите им биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.