Првенецот на Македонскиот народен театар, Ѓорѓи Јолевски, е добитник на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година, за остварувања во областа на културата и уметноста.
Еден од истакнатите и афирмирани македонски театарски и филмски актери, Јолевски со својата долгогодишна посветеност на актерската уметност и сценските остварувања придонесува за развојот во македонската култура.
Државната награда „23 Октомври“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на нашата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



















