Затвореник избегал од затворот во Струмица, а нaредниот ден ја грабнал и ја нападнал неговата невенчана сопруга.
Според информациите на МВР, вчера Ш.С. пријавила во полиција дека на подрачјето на Шуто Оризари, нејзината 25-годишна ќерка била пресретната од нејзиниот поранешен невенчан сопруг Е.К.(25), кој претходниот ден побегнал од Затвор Струмица, по што физички и со тврд предмет ја нападнал, а потоа насилно ја зел со себе.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Текстот Затвореник избегал од затворот во Струмица, утредента ја грабнал сопругата е превземен од МАКФАКС.























