Возачот кој беше снимен како управува автомобил во спротивна насока на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје е лишен од слобода, откако видеоснимката од опасното возење беше објавена на социјалните мрежи.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Карпош постапиле по објавената снимка и утврдиле дека станува збор за И. Г. (87) од Скопје.

Полицијата презела мерки против возачот по документирањето на случајот.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.