Тринаесетгодишно момче од гостиварското село Форино е тешко повредено откако изгубило контрола над електричен тротинет и паднало на асфалтот во дворот на основното училиште во селото.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 20 ноември, во 15:15 часот, во Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Момчето со тешки телесни повреди било пренесено во Ургентниот центар во Гостивар, каде што му била укажана лекарска помош. Потоа било транспортирано во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Полициска екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото на несреќата.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.