Тригодишно дете од Гевгелија починало за време на транспортот кон болница, а случајот бил пријавен во полиција откако детето било донесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.На 21 ноември 2026 година, околу 13:40 часот, во СВР Скопје било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив било донесено починато тригодишно дете од Гевгелија.Според пријавеното, детето имало здравствени проблеми и починало за време на транспортот кон болницата.На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатото дете му било предадено на семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


















