Откако ја објави победата на СНСД на изборите во Босна и Херцеговина, Милорад Додик ја продолжи прославата со песна.

На снимка од изборниот штаб на СНСД, Додик заедно со присутните ја пее песната „Никој ништо не ни може“, која со години се слуша на неговите политички собири.

На друга снимка објавена на платформата „Икс“, тој ја испеа и песната „Четири години“, со стиховите: „Четири години, долги години, години на болка, години на тага“.

Додик претходно ја објави победата на СНСД на сите нивоа на власт во Република Српска. Тој им се заблагодари на Доналд Трамп, Владимир Путин и Александар Вучиќ.

Според прелиминарните резултати, СНСД води во клучните изборни трки во Република Српска – Жељка Цвијановиќ за српски член на Претседателството на БиХ и Саво Миниќ за претседател на Република Српска, а партијата води и во трките за парламентот.

Текстот (Видео) Додик запеа по изборите: „Четири години, долги години“ е превземен од МАКФАКС.