Адријана Лима повторно го привлече вниманието на јавноста, но овој пат не поради модна комбинација или заводлив од на модната писта; наместо тоа, во центарот на вниманието се најде нејзиниот физички изглед.
Париз во последно време стана собиралиште на славни личности, благодарение на Париската недела на модата, која привлекува познати дами, трендсетерки и инфлуенсери од целиот свет.
Преубавата Адријана Лима неодамна ги привлече погледите на јавноста додека гордо чекореше по пистата за модниот бренд Messika.
За оваа пригода, таа се одлучи за смела комбинација: нежен чипкаст градник во спој со миди-здолниште од латекс.
Овие парчиња се дел од женската колекција за сезона пролет/лето 2027 година, дизајнирана да ја истакне женската фигура и природниот сексапил. Внимание привлекоа и наметката од крзно и виолетовите ракавици, кои му дадоа шик-нота на целокупниот изглед.
Таа го заокружи стајлингот со минимална шминка и стилски обликувана пунџа. Овој избор на фризура ја истакна карактеристичната бразилска убавина на Адријана, како и нејзиниот препознатлив, заводлив поглед.
Поделени реакции на социјалните мрежи
Фотографиите од ревијата се проширија на интернет, предизвикувајќи поделени мислења меѓу корисниците на мрежата „Икс“ во врска со нејзиниот изглед.
И додека некои тврдат дека таа „изгледа како коска и кожа“ и дека е „сега непрепознатлива“, други, пак, сметаат дека таа е „поубава од кога било“ и дека си ја „вратила манекенската линија“.
Текстот (Фото/Видео) Ладниот поглед и голото тело на заводничката направија „хаос“ на модната ревија е превземен од МАКФАКС.























