Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација и соработка со СВР Охрид и СВР Велес преземаа мерки и активности и расчистија две кривични дела „измама“ извршени во Охрид и Струга, при што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 5.500 евра.

Имено, по преземени мерки утврдено е дека сторители се лицата А.С. и Д.С., двајцата од Велес, по што денеска (19.08.2026), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Велес, со судска наредба, извршија претрес во нивниот дом во Велес, при што се пронајдени и одземени повеќе лажни банкноти во евра во различни апоени, српски динари и повеќе златници со жолтеникава боја налик на злато, циркони, алка со циркони жолтеникава боја, алка синџир жолтеникава боја тркалезни топчиња налик на кристали повеке кутии за накит и мобилни телефони кои ги користеле за извршување на наведеното кривично дело.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Расчистени две кривични дела „измама“, откриени се сторителите е превземен од МАКФАКС.