Премиерата на документарниот филм за пејачката Џенет Џексон е најавена за почетокот на 2022 година. Документарецот ќе биде во два дела со наслов „Janet“.

Премиерата на филмот ќе се совпадне со 40-годишнината од објавувањето на нејзиниот истоимен албум.

Четиричасовниот филм во два дела ќе ги нурне гледачите низ животот и кариерата на Џексон, а исто така ќе содржи и досега невидени снимки и домашни видеа од легендарната ѕвезда.

Исто така беше објавено дека Џексон во филмот ќе зборува и за контроверзниот настап со Џастин Тимберлејк на полувремето на „Superbowl“ во 2004 година, кој неодамна повторно се најде во центарот на јавниот интерес по објавувањето на документарецот за Бритни Спирс, во кој Тимберлејк се претставува во сосема поинакво светло.

Profimedia
Profimedia

Како што пренесува „Си-Ен-Ен“, во филмот пејачката ќе зборува за смртта на нејзиниот брат Мајкл Џексон, врската со нејзиниот татко Џо Џексон, како и за нејзиниот личен живот и мајчинството.

Џексон се потпишува како извршен продуцент на проектот, заедно со Ренди Џексон, додека за режијата ќе биде задолжен Бен Ириш.