Началникот на Здружениот генералштаб на вооружените сили на Соединетите Американски Држави, генерал Џон Кејн, изјави дека не ја смета Русија за пријател на Америка, оценувајќи дека односите меѓу Вашингтон и Москва остануваат сложени.
Кејн го изјави ова за време на сослушувањето пред Комитетот за буџет на Сенатот, каде што се разгледуваше барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за дополнително финансирање на Пентагон во услови на војна со Иран, објави „Ер Форс Тајмс“.
Одговарајќи на прашање за природата на односите меѓу Соединетите Американски Држави и Русија, американскиот генерал оцени дека тие се „сложени“.
На директно прашање дали ја смета Русија за пријател на Америка, Кејн одговори:
„Не, не мислам дека тие се наши пријатели“.
Во исто време, американската администрација покажува подготвеност да ги продолжи дипломатските контакти со Москва.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, претходно изрази подготвеност да се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на маргините на самитот на АСЕАН.
Текстот Началникот на Генералштабот на САД: Русија не е пријател на Америка е превземен од МАКФАКС.

















