Дваесетгодишна девојка пријавила во полиција дека маж ја набљудувал додека се пресоблекувала во гардероба на продавница во трговски центар во скопската населба Ѓорче Петров.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 16 јули во 17:30 часот. Според пријавата, околу 14:30 часот, додека пробувала облека во гардероба, забележала човек качен на скала, кој ја гледал додека се пресоблекувала.

Во врска со случајот, во полициска станица бил извршен службен разговор со Љ.С. (43) од Скопје, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот Маж качен на скала гледал 20-годишна скопјанка додека се пресоблекувала во гардероба во бутик е превземен од МАКФАКС.