Утре, 20 јуни, поради одржување на јавен настан со почеток од 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Имено настанот ќе почне со траса на движење од пред Фонтана Лотус-Градски парк, во продолжение по булеварот „Илинден“, лево по улицата „Франклин Рузвелт“, лево по булеварот „Партизански Одреди“, десно по улицата „Васил Главинов“, лево продолжува по улицата „Димитрие Чуповски“ и завршува парк Жена Борец на улицата „11-ти Октомври“.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Текстот Утре псебен режим на сообраќај во Скопје е превземен од МАКФАКС.
















