Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови ќе биде од западен правец, а долж Повардарието и во источните региони од југоисток.
Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 27 и 34 степени.
Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 34 степени.
Според прогнозата, во текот на новата седмица ќе преовладува топло време. Во вторник се очекува локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток повторно ќе преовладува претежно сончево време со променлива облачност.
Текстот Сончево и топло во Скопје, температурата ќе достигне 34 степени е превземен од МАКФАКС.
















