Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван утрово во Охрид.
Потресот се случил во 5 часот и 36 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот потекнува од подрачјето Пештани-Охрид-Струга.
Земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Охрид и Струга.
Текстот Земјотрес во Охрид е превземен од МАКФАКС.





















