Вчера вечер во една скопска населба беше заловен волк, кој очигледно бил незаконски чуван (со ремче и ланец) како домашно милениче. За случајот веднаш беа известени сите надлежни институции, објави на социјалните мрежи, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина.

Волкот во моментов се згрижува од страна на службите на Скопската зоолошка градина, а институциите очекувам да ги преземат сите неопходни мерки и целосно да го расчистат случајот!“, додаде градоначалникот.

Текстот Волк беше заловен во скопска населба: бил чуван како домашно милениче, рече Ѓорѓиевски е превземен од МАКФАКС.